ВАЖНО: Бугарите признаа за ИЛИНДЕН

Балкан, Македонија

Во денешниот издание на Слободна Европа на бугарски јазик, се појави текст на бугарскиот историчар, професорот Стефан Дечев со кој страмежливо признава дека Бугарија ја фалсификувала историјата за Илинден. Но ако се има предвид реакциите на бугарските националисти, овој чекор на професорот Дечев е вистински херојски чин.

Оваа анализа на бугарскиот историчар е објавена како реакција на барањето на Петар Богојески лидерот на Македонски концепт, да се произнесат бугарските историчари за вистината за Илинденското востание и како тоа станало Илинденско – прерожбенско.

Професорот Дечев признава дека тоа име бугарската историографија го дава дури после 1970 година, под влијание на комунистичкиот диктатор Тодор Живков и неговиот поттрчко и докажан фалсификатор Божидар Димитров.

Богојески на својата официјална фан страна го поздрави овој чекор на професор Дечев. Тој коментираше:

Ајде аирлија да е! ✅

Бугарите признаа дека го прекрстиле Илинденско во Илинденско – прерожбенско востание, со успех дури после 1970 година под “натиск” на рускиот слуга и болшевички диктатор Тодор (Тошо) Живков, од страна на болшевичкиот историски фалсификатор Божидар Димитров од вила “Бојана” во Софија!

Токму онака како што ние тврдевме❗️

Дали сега Ви е јасно дека ние од Македонски Концепт го имаме решението и дека можеме да ја внесеме Македонија во ЕУ за 5 години?!?

Дали уште ќе плукате по нас, а ќе одите по умот на бумбарите од опозицијата и власта, слуги на болшевизмот?!?

Ние Ви кажуваме како треба, а вие како сакате, така правете!

* кај ќе се пикате сега бре вие момчета од Македонија, што многу разбирате историја и плукате по свој народ и своја мајка земја?

** кога ќе ви каже Бунтур за “бугарското прашање” во Македонија и Поп ќе закопа, тоа е бре момчета, кај приучени там недоучени! 😉

#доаѓазаконот

Богојески постави уште два постови со други прашања за бугарските историчари, на кои сеуште се чека одговор.