СКАНДАЛ за Бугарија: Левски бил српски легионер и грчки монах

Балкан, Живот

СКАНДАЛ за Бугарија

Со цел пријателите од Бугарија да разберат до кој степен се изгубени честитки, ја објавуваме вистината за најголемите бугарски херои на денешницата. Според логиката на денешните бугарски политичари и историчари, тие биле Срби и Грци, а не Бугари.

Најголемиот бугарски херој на сите времиња, таткото на бугарската револуционерна организација, ослободителот на современа Бугарија, големиот Васил Левски бил грчки православен монах и служел во странската легија на Кралската српска армија. Странската легија беше основана од српското кралско семејство, пофалена за храброста и пожртвуваното војување за голема Србија, а покасно укината после воените реформи по ослободувањето.

Што значи бил српски легионер, дел од српската армија, српски офицер, па согласно бугарската логика за Гоце Делчев, нивниот Васил Левски бил Србин по етнос? Дали бил Србин, ќе одговори ли некој од бугарските историчари?

Тој бил „патријаршист“, грчки монах, што значи духовно бил гркоман. Дел од т.н. руммилет, односно по логиката на бугарскиве изгубени честитки, тој официјално бил Грк согласно законите на Отоманска империја. Дали бил Грк, ќе одговори ли некој од бугарските историчари?

Друг бугарски херој Георги Раковски, за кој треба да разговараме која е неговата улога за Бугарија и колку бил „македономах“, односно Македонец, бил роден како Србин под името Сава Попович.

Покасно, под влијание на македонизмот го усвоил грчкиот идентитет односно станува „македономах“ и името го менува во Савас Стефанидис.

Ова го има во сите светски, а омилени за Бугарите, википедии, тиквипедии, британики, митаники… како сега ќе го објаснуваат бугарските историчари на својот бугарски народ?