ЗАЕВ – ЦАР на флертот: Ако вистински ме сака ќе се јави

Живот, Политика

Премиерот Зоран Заев во текот на вчерашниот ден, сите нас не потсети за неговите надчовечки можности за флерт со дами. Откако ги соопшти сите „први“ девојки од сите страни на Балканов, сега редно беше да и се стави на ЕУ.

Премиерот од сега нема да трча по ЕУ, ниту да и се јавува, ќе чека таа да му се јави. Ако вистински го сака, ќе звони! Ако не, да е жива и здрава. Тука е Македонија, домашна мома, таа и онака остана трудна!

Од Владата соопштија дека премиерот изјавил:

„Кога ќе решат да ги направат следните чекори и да ни испорачаат почеток на преговори за Северна Македонија, бидејќи ние тоа го заслужуваме, можат да ни се јават. Шеснаесетипол години чекање со сè низ што поминуваме е премногу траума, а имаме 12 позитивни препораки од Европската комисија“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во интервјуто за „Конфликт зоун“ на „Дојче веле“ на прашање каква порака има за Европската Унија.

Тој потсети дека самата Европската комисија минатиот месец ja оцени Република Северна Македонија со највисок резултат заради остварените 63% од заклучоците за реализација на Програмата за економски реформи и тоа во последниот извештај за земјите од Западен Балкан и Турција нé прави најдобрата земја, лидер на Балканот по остварени реформи.

Ние сме подготвени, рече премиерот Заев, и додаде дека во меѓувреме Северна Македонија ќе продолжи со европеизацијата. Што означува Македонија да остане дупло трудна, додека чекаме ЕУ да се јави!