СДСМ се распаѓа, Бранко со своја листа во Охрид

Политика

Поранешниот лидер на СДСМ, премиер и претседател на Македонија Бранко Црвенковски, поддржува независна кандидатска листа за локалните избори „ОХРИД ПРЕД СЕ“. Ова го изјави адвокатот Владо Чингоски за „news1.mk“.

Кандидатската листа за локалните избори „ОХРИД ПРЕД СЕ“, официјално започна со работа на 19.05.2021год. Тие како што велат од Иницијативниот одбор, основната цел на оваа граѓанска иницијатива останува активното и масовно учество на граѓаните, со тоа што нивните предлози се дел од изборната програма за персонализација на изборната листа. Селото Слатино во охридско е родното место на Бранко Црвенковски, а во Охрид имал секогаш верни следбеници. Дали Бранко со тие кадри ќе ја персонализира политиката во Охрид?

Основна цел како што велат е Советот на општината да го претворат во место каде граѓаните реално ќе ги решаваат своите локални проблеми и совет кој нема да биде продолжена рака на градоначалникот и партијата на власт. Но градоначалникот на Охрид е исто така послушник на Црвенковски. Дали заедно се крои план за минирање на Заев на централно ниво?

На шпекулациите од јавноста изминатиов период дали поранешниот претседател Бранко Црвенковски застана зад независната листа „ОХРИД ПРЕД СЕ“, адвокатот Владо Чингоски за „news1.mk“ признава:

„Ќе бидам искрен. На почетокот беше само наша иницијатива, која потекна од поединци, за да може целосно да функционира советот, да го вратиме дигнитетот на Советот. После извесно време имавме и некои контакти од други политичари, не конкретно со господинот Црвенковски, кои ни ја дадоа поддршката, за на крај да имаме поддршка и од екс претседателот Бранко Црвенковски.

Но таа поддршка е во рамките на неговите можности, повеќе е вербална, отколку било каква друга. Јас имав една средба со господинот Црвенковски, кога му ја образложив нашата програма. Разговаравме многу, особено околу работата на локалната самоуправа. Му објаснивме се и ја имаме неговата поддршка. Ова е вербална поддршка, но нас ни значи многу. Не само неговото име со кое застана зад оваа иницијатива, туку и од многу други политичари. Поддршка добивме затоа што објаснавме дека не сме за задоволување на лични интереси, туку бараме луѓе кои ќе го претставуваат Охрид“, вели Чингоски за news1.mk.

Дали е ова официјалниот крај на љубовта помеѓу Заев и Црвенковски и почеток на крајот на власта на заеви во Македонија? Многумина од СДСМ истакнуваат дека само Бранко може да го уништи Заев.