Кина ги руши џамиите

Живот, Свет

Подолго време муслиманските земји реагираат на односот на Кина кон џамиите и исламот. Но не реагираат затоа што таа комунистичка земја има таков однос кон сите религии или дека уништува храмови на Тибет, или низ цела Кина. Но позната е селективната борба за правда кај муслиманските активисти за права.

Илјадници џамии се уништени и оштетени за само три години во кинеската северозападна провинција Синџијанг, а сега има помалку од кога било, според „Гардијан“.

Ова се податоци од извештајот за кинеската репресија врз муслиманското малцинство на Австралискиот институт за стратешка политика(СПИ). Податоците се добиени преку сателитски слики и теренски извештаи.

Кинеските власти тврдат дека во оваа област има повеќе од 24.000 џамии и дека властите ги чуваат. Но, според извештајот на СПИ, остануваат нешто повеќе од 15.000, кои не биле уништени или оштетени.

„Ова е најмала бројка од културната револуција, кога имаше помалку од 3.000 џамии“, се вели во извештајот. Две третини од џамиите се оштетени, а околу 50 проценти од заштитените културни наследства се уништени или оштетени. Меѓу нив е и Ордам Мазар, древен објект за аџилак од 10 век, кој е целосно уништен.

Се проценува дека од 2017 година, 30 проценти од џамиите се уништени додека други 30 проценти се оштетени на некој начин. На некои им биле извадени минарињата, некои биле напуштени, додека други се претворени во паркинзи или користени за земјоделски цели.