ТЕЖОК СКАНДАЛ: Кој ќе оди во затвор за криминалот со МНТ

Македонија

Само да се помисли на тоа колку пари се фрлија во „личи на мермер, ама не е мермер“ на проектот Скопје 2014, а колку пати се одлагаат истрагите за криминал во тој проект, јасно може да се заклучи дека власта и опозицијата заедно го играле орото. Од тој проект остануваат само рушевини и џабе фрлени пари.

Македонскиот народен театар на својата ФБ страна се пофали дека запонува со санација на новата зграда на театарот. Дали можете да замислите, санација на нова зграда. Значи не санација на зграда од пред 100 години, туку таква која е изградена пред помалку од 5 години. А тие се фалат дека ќе ја санирале, наместо да известат кој ќе оди во затвор, кој ќе одговара за тој криминал, тежок милиони евра.

Започна санацијата на Македонскиот народен театар, а власта молчи и не известува кој ќе сноси одговорност за штетата? Кој тоа заштитува СДСМ? Камческа Милеска или Груевски? Двајцата играчи за промена на името Македонија? Поради тоа ли власта сокрива тежок скандал со криминал од епохални размери?

„Македонскиот народен театар започна со санација на проодната тераса која се наоѓа на северно-источниот дел од првиот кат на објектот – Кон музејот на Холокаустот.

Се работи за зафат со кој ќе се надминат проблемите наследени од самото отворање на театарот, како и натамошното руинирање на објектот. Во изминатите години при обилни дождови беа предизвикувани материјални штети од протекување од терасата во главното фоаје.

Средствата, во износ од 1.200.000,00 денари се во рамките на Годишната програма за 2021 година на Министерството за култура на РСМ. Искрено се радуваме што есенскиот дел од сезоната ќе го започнеме во безбеден и саниран објект. Во очекување на позитивни вести околу пандемијата од КОВИД-19, ние се подготвуваме повторно за полн салон, со широк репертоар.

Срдечно,

РСМ НУ Македонски народен театар“

До кога премиерот Заев планира да го сокрива криминалот од Скопје 2014?