
Кувајт се топи
Температурите на Блиски Исток се навистина шокантни ова лето. Целиот регион е погоден од елементарна непогода.
Најпогоден од сите е Кувајт, каде се измерени позитивни 73 степени на топлина! Тоа значи уништување на сите површини кои се чувствителни на топлина.
„Кувајт денес го доживеа својот најжежок ден. Позитивни 73°C“, известуваат репортерите од Блиски Исток. Од таму пристигнуваат шокантни слики.
Загрозен е системот за водоснабдување, а се топат и резервоарите за вода.
Асфалтните површини се безбедни во тој регион, од причина што не се користи чист асфалт, туку асфалт бетон, чија цврстина и издржливост на високи температури е повисока.
Жештината на тие површини достигнува топлина од грејно тело и се опасни за движење на возила и пешаци.