
ГРУЕВСКИ: Јас па јас па јас, повторно тој бил жртва
Поранешниот македонски премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е шампион по егоизам. Ваква меѓународна шупелка, тешко повторно мајка да роди. Тој се жали зашто бил репресиран, немал имот, бил невработен, а најмногу жали што токму тој почувствувал на своја кожа репресија. Демек со други зборови, по туѓ грб не боли и баш го заболе за другите. Битно било него што го здоболило. Како може овој уште да е поддржуван од народ, не е јасно. Македонците сме за посматрање, штом ваков човек може да поддржуваме.
Тој оплакува врз својата заслужена судбина по рочиштето за случајот „Плацеви на Водно“, во кој токму неговите кумови и најблиски соработници го исцинкарија што правел. Груевски се гони дека присвоил 1,3 милиони евра од партиски донации со кои е купувано земјиште.
Меѓу другото во неговиот Фејсбук статус пишува дека Заев го обвинувал, а не Обвинителството. Дека токму сега е обвинет поради локалните избори, дека немало докази, а неговиот кум и полтрони кои го пријавија, биле мал број уценети лица со изнудени претпоставки наместо докази, и тоа со применети најбрутални методи.
Обвинет е дека купувал и продавал земјишта или станови, земал пари од ВМРО ДПМНЕ за да си купува личен имот, перел пари и го зголемил имотот без потекло на парите. Земјиште купил од некоја фирма во големина од околу 2.400 м2 на Водно, еден стан од 60тина метри квадратни и земјиште во Крушево по џабалак цена од 40.000 денари.
Груевски верува дека е чист како солза и се колни во мајка за тоа. Збунет изјавува:
Како тоа сум испрал пари ако никому не сум дал никому пари и никој не земал пари во овие случаи ниту од мене, ниту од некој друг? Како сум го зголемил имотот ако не сум купил имот? Ако и по 10 или 11 години подоцна тој имот си е на име на тие луѓе кои го купиле со нивни пари како што самите се изјасниле во обвинителството.
Смета дека се е под додатен притисок и тие изјави да ги променат, па да кажат спротивно на кажаното неодамна, тој е чист. Смета дека не му е прв пат да конструира вакви лажни конструирани случаи со примена на најбрутални методи.
Груевски гледа во перспектива, смета дека е иден премиер на Македонија, па затоа и оваа долгогодишна кампања и напори на Заев и СДСМ за негово оцрнување.
На крајот, врв на ароганцијата и егозимот на ова човече е неговото омилено себеприкажување како жртва.
„Да резимирам. Со јазикот на обвинителот, некој ке рече. Ако е така како зборувам, да дојдам во судница ова да го докажам. Јас нема така да постапам, но ќе кажам, жалам што на моја кожа ја осетив репресијата на власта, како многу пати во историјата кога се судело на личности меѓу кои и јас се препознавам, заради политички потреби, во случајот на Зоран Заев.“
Во немоќ машки да дојде во Македонија и да се докаже со обвинителот, тој жали за тоа што го осетил на своја кожа, за другите не го интересира многу. До степен да целото работење на ОЈО го сведе повторно на лично егоистичко ниво, „во предметот за да се одглуми уште една роља од мега преставата што се вика Никола Груевски“!?! Едноставно човек да не верува што чита! Овој беше 11 години премиер на земјава.