СКАНДАЛ: Српски сатанист од т.н. СПЦ, Македонците ги создаде ѓаволот

Балкан, Македонија

Српски сатанист од т.н. СПЦ, лажен архимандрит д-р Никодим Богосављевиќ, вели дека македонската нација не постои и е создадена од ѓаволот.

Во своето видео-обраќање од изминатата недела тој целосно ја негира самобитноста на македонскиот народ и тврди дека Македонците се Срби или Бугари. Овој сатанист и еретик е поранешен монах од Ваљевската епархија, е духовно чедо на покојниот митрополит Амфилохије и долги години служел и во Црна Гора.

Великосрпскиот шовинизам со кој изобилува, не е нешто непознато за круговите на СПЦ. Она што зачудува е популарноста која овој сатанист ја има кај „православните квази патриоти“ во Македонија. Доволно е само да ги отворите дел од цраковните фејсбук страниците за да ги видите воодушевувањата од него кај македонските „верници“. На што се воодушевуваат Македонците кај овој секташ?

Имено, господинот Никодим е експерт на тема последни времиња и сите пропратни теми како 5Г, вакцинација, чипување и секако Антихристот. Преку неговиот јутјуб канал и во Македонија се шират опасните и трагикомични ставови за рамната земја, некој руски цар-патријарх што ќе го спаси светот и слични небулози.

Погледнете го неговото објаснување како настанале Македонците.