Најново: Рackoлот во CДCМ продолжува

Македонија, Политика

Битката во СДСМ помеѓу заевисти, почитувачи на „северна“ и бранковисти кои одбиваат да ја користат „северна“ се продлабочува. Градоначалникот на Карпош Богоев, признат како „бранковото дете“ во СДСМ, му забо нож во грв на лидерот Заев, и тоа во очи на локалните избори.

Имено, градоначалникот на Карпош и член на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев, ја поткопа позицијата за уставното име на својот партиски лидер Зоран Заев, пишувајќи Македонија во твит истиот ден кога премиерот му порача на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да ја поддржи нејзината резолуција за Бугарија, бидејќи во неа не стои „Северна“.

Со ова Богоев покажа невидена пркост кон Заев и му порача дека неговите политики за севернизација на Македонија и онаму каде тоа не го предвидува Преспански договор, нема да поминат. Со оглед на реакциите на Заев кон „непослушните севернизатори“ во досегашниот период, може само да претпоставиме како ќе реагира на ова однесување на неговиот градоначалник. Дали Заев се плаши да му возврати на „бранковото дете“, од страв да предизвика отворен конфликт со Бранко Црвенковски пред избори, останува да видиме.

Поранешниот пратеник и експретседател на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) „грешката“ ја направи во објавата на Твитер за приемот на пливачката Миа Блажевска Еминова, која ќе ја претставува Македонија на претстојните Олимписки игри во Токио.

Твитот на Богоев коинцидира со објавата од Заев на првите 30 кандидати за градоначалници на локалните избори во октомври, меѓу кои го нема градскиот татко на скопската општина. Дали Заев ќе падне на оваа уцена и ќе го кандидира Богоев за втор мандат во Карпош?