ВАЖНО: Европскиот суд забрани бурки и во приватен сектор

Македонија, Свет

Темата за забрана на бурки во Македонија беше долго време „забранета“. Прв кој јавно ја отвори, без да се плаши за последиците беше лидерот на Македонски концепт Богојески. Тој јасно стави до знаење дека неговото политичко движење се залага за забрана за бурки во Македонија. На тоа имаше жестоки реакции од исламистичко радикални структури од земјава, но и некои невладини и граѓански активисти, кои предходно се изјаснуваа како атеисти, а сега станаа џихадисти.

Богојески тогаш постави прашање, дали сме тргнале кон Европа или кон Саудиска Арабија? Очигледно ЕУ ги потврди неговите тези. Насекаде низ Европа има забрана за бурки, вклучително и во приватни компании.

Европскиот суд за правда донесе одлука со која на компаниите им дозволува да забранат на вработените муслимани да носат дури само марама во работните простории. За бурки не станува збор, тоа е строго забрането. Според одлуката, дури и приватните компании може да забранат марами, а не само јавни институции и на јавен простор. За тоа мора да покажат вистинска потреба за забрана на работникот да носи марама и треба да го земат предвид специфичниот национален контекст.

„Забраната за носење каква било видлива форма на изразување на политички, филозофски или религиозни убедувања на работното место може да биде оправдана со потребата на работодавачот да претстави неутрална слика кон клиентите или да спречи социјални спорови“, е наведено во судската одлука.

Во неа е посочено дека сепак оправдувањето на работодавачот мора да одговара на вистинска потреба на компанијата при усогласување на правата и интересите за кои станува збор. Дополнително националните судови можат да го земат предвид специфичниот контекст на земја-членка и, особено, поповолните национални одредби за заштита на слободата на религијата.

До оваа одлука дојде по сослушувањето на две муслиманки кои отворија предмети во Германија, против нивните работодавеци, затоа што им било кажано дека не треба да носат марама на главата на нивното работно место. Европскиот суд ги одби двете муслиманки, кои шират радикални верски убедувања, спротивни на европските цивилизациски постигнувања.

Германските судови сега ќе ги користат упатствата на ЕСП при донесување на конечни одлуки за двата случаи.