ВАЖНО: Што се случува со Дојранско езеро

Uncategorized, Живот, Македонија

Еколошка катастрофа со Дојранско езеро, водата исчезнува. Потоа еколошка катастрофа со Дојранско езеро, има премногу вода. Тоа го има само во Македонија!

Ако некогаш проблем беше катастрофално нискиот водостој, сега Дојранско Езеро има многу висок, мештаните велат – загрижувачки голем водостој. Езерото буквално претекува, плажите се стеснети, а ако дува ветар, водата оди и подалеку.

Ако некогаш од грчка страна имаше канал за истекување вода заради наводнување на земјоделските површини, сега од таа страна каналот е затворен и забетониран. Грчката држава, всушност, на земјоделските комбинати и мали производители им изгради систем за наводнување. Водата од Дојранско Езеро веќе практично не им е потребна.

А Хидросистемот Ѓавато – Дојранско Езеро секојдневно дотура и дотура вода во Езерото. Но зарем не може да се запре водата и повторно да се пушти кога ќе биде потребно тоа?

За чудо, не може!

Државата има обврска системот постојано да биде во функција. И точно е дека водата не смее да биде прекината заради хидроелектраната.

„Министерството мора да ја почитува обврската за обезбедување на одредено количество вода согласно со склучениот договор за концесија со компанијата што ја управува малата хидроцентрала на локација Топлец. Овој договор за концесија е склучен од претходната влада и е со важност до 2032 година и неговото раскинување ќе доведе до големи финансиски импликации врз буџетот на државата“, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со други зборови имаме избор или да го поплавиме Дојран или да платиме оштета на хидромафијата. Дефинитивно ова го има само во Македонија.