
Ципрас до Мицотакис: До каде си со Преспански?
Откако Грција одлучи да и помогне на Бугарија во борбата за бришење на македонскиот идентитет и да ја запре имплементацијата на Преспански договор, реакциите се скоро незабелижителни.
Единствена реакција пристигна од поранешниот грчки премиер Ципрас, додека пак македонскиот премиер Заев „го голтна земјата“. Ниту трага, ниту глас од него. Заев сега е фокусиран на „мал шенген“ и ја напушти европската агенда на земјава. Таа наредба му пристигна од “горе“. Ципрас реагира дирекно до Мицотакис, со барање да престане да биде деструктивец и да ги одобри чекорите за имплементација на Преспански договор во Грција.
Ако не постоеше Договорот од Преспа, сега на нашата северна граница ќе ја имавме ситуацијата што ја имаме југозападно од нас, ќе имавме Либија на нашата северна граница. Таму, ќе имавме постојано присуство на Турција, вели лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас во интервјуто за грчката регионална телевизија „Стар“, јави дописничката на МИА од Атина.
Поранешниот грчки премиер истакнува дека како одминува времето, дури и оние што беа критични кон договорот ги сфаќаат придобивките што ги има за Грција. Дали само Ципрас останува единствен кој верува во целосен успех на Преспанскиот договор?
-Не е само тоа што донесовме решение кое обезбедува мир и стабилност во регионот, дека донесовме решение создавајќи сојузник на нашата северна граници, туку е и тоа што ја спречивме експанзијата на Турција во регионот. Тоа е многу е важно, истакнува Ципрас.
Вели дека со договорот постигнато е искрено решение за критичните прашања поврзани со културното наследство, но е прекината и „ неприфатливата и смешна стратегија за присвојување на грчкото културно наследство“. Сигурно Ципрас мисли на македонизмот, кој сака да го национализира со помош на Заев.
Ципрас дирекно го прашува Мицотакис, каде исчезнаа сите оние кои тогаш протестираа против договорот.
–Што има денес да им каже господинот Мицотакис на сите оние со кои беше рака под рака и ги мобилизираше, велејќи им дека е предавнички договор, кога сега се придржува и го почитува договорот?, прашува лидерот на СИРИЗА.
Додава дека во одреден момент, актуелниот грчки премиер „ќе се соочи со неговите одлуки и ќе мора да излезе пред грчкиот народ и да ја објасни позицијата“, но и дека во 2018 година „со демагошки и популистички став за клучна националното прашање“ целта му беше да стане премиер.
Во интервјуто, говорејќи за договорот со нашата земја, упатува критики до Владата за трите меморандуми кои сè уште не се ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент и вели дека тоа, на Мицотакис, „не му носи никаква корист“.