Дали Македонија има прескапи патарини во споредба со Балканот?

Балкан, Македонија

Летната сезона одамна започна  голем број од нашите граѓани веќе се упатени кон различни туристички места.

Патарината е значаен дел од трошокот што се  прави за патувањето .

Ако одите во Хрватска, од Белград до Шид ви требаат 420 динари или 3,57 евра.

Во 2019 година Бугарија воведе задолжителни електронски вињетки. Во случај да немате купено вињетка ќе мора да платите казна од 150 до 1.500 евра.

За седумдневна вињетка треба да издвоите 8 евра, за едномесечна вињетка 15 евра, за тримесечна вињетка 28 евра и за годишна 50 евра.

Од Гевгелија до Солун, според веб-страницата Виа Мишелин, треба да одвоите 1,8 евра за патарини. Во случај да одлучите да ја посетите Крф, потребни ви се 10,6 евра.

Во Македонија на потегот од Скопје до Гевгелија сега имате пет патарини и треба да се плати во еден правец околу шест евра.

Главното прашање е дали се исплати да се оди со сопствен превоз на одмор или не .