
СКАНДАЛ: Софиска авантура! Бучковски шета, народ плаќа!
Договорот помеѓу Владата и преговарачот со Бугарија, господин Бучковски останува тајна. Од информациите до кои може да се дојде кај извори од кабинетот на премиерот Заев, Бучковски има доста комотна позиција. Тој може да троши за ресторани, луксузни хотели, скапи вечери, патувања, дневници, други трошоци без ограничување. Тоа значи, Бучковски се релаксира по софиските кафани, а македонскиот народ плаќа.
Официјално од владата потврдуваат дека на Бучковски му се исплаѓа паушал од 12.000 евра, дополнително од она што значи останати трошоци.
Доколку ги сумираме резултатите од неговата работа, фактите дека ништо не сработи и не постигна никаков успех, ветото од Бугарија остана, а бугарската антимакедонска реторика се засили, тогаш кој ќе одговара за потрошените милиони денари за авантурата на Бучковски? Кој ќе даде отчет за што се потрошени тие пари?
Битно е што господин Бучковски се најаде, се напи, се прошета, „лепо се проведе“ по Софија со парите на македонските граѓани. На здравје господине, а со здравје на владата на господин Заев!