Дали знаете кој го изградил познатиот Градски ѕид во Скопје ?

Дали Знаете

Дали знаете?

Пишува Гордана Јанакиевска

 

Кензо Танге е јапонски архитект и добитник на Прицкеровата награда во 1987 година. Покрај изработката на планот за обнова на Хирошима, познат е и по изработката на урбанистичките планови за Токио и Скопје.

Во 1965 година, бил замолен да го изработи урбанистичкиот план на градот Скопје. Планот за обнова кој го изработил бил налик на оној за Токио од 1960 година. За жал, планот бил само делумно исполнет, а од неговите конструкции биле изградени новата железничка станица и линијата на станбени згради во центарот на градот, познати како „градски ѕид“.

Композицијата “Градски ѕид” е проектирана од познатиот јапонски архитект Кензо Танге. Како составен дел од центарот на градот, композицијата го нагласува и обиколува централното градско јадро, а објектите се ситуирани десно од реката Вардар. Градскиот ѕид се состои од верижно поврзани блокови еден вид на прстенеста ѕидна рамка во модерна интерпретација.

Станбените блокови се со ориентација север-југ и североисток-југозапад, а становите во станбените кули се ориентирани во правец североисток-северозапад. Помеѓу станбените кули и блоковите се наоѓаат зелени површини, детски игралишта, градинки и простори за одмор, кои во решението се одвоени од надворешниот сообраќај со цел овозможување на безбедност