Дали ќе се воведува задолжителен тест за влез во Македонија ?

Балкан, Македонија, Свет

Комисијата за заразни болести на следниот состанок ќе разговара за опасноста од делта сојот и заштита на границите со евентуално воведување тестови.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сегашните мерки остануваат на сила, но ќе се менуваат доколку има промени.

„Сите сега препорачани мерки во овој следен период, нормално ако приметиме дека има некаква промена ќе интервенираме и таму, меѓутоа засега нема план да се менуваат. Тоа што би разговарале и евентуално би носеле некаква одлука е во однос на штитењето на границите. Во однос на тестовите. Да се процени ризикот и дали е тоа вистинска мерка со која навистина може да се заштитиме“, рече министерот Филипче.

Дали поради ширењето на делта сојот на коронавирусот ќе се воведат некакви рестрикции ќе се разговара на состанокот на комисијата в понеделник.

 

 

 

 

превземено.