Палмер со завршен удар за Заев: Политичките лидери крадат од граѓаните!

Изјави, Македонија, Политика, Свет

Меѓународната конференција „Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна” се одржува денеска и утре во Охрид и Отешево со учество на околу 300 учесници, високи домашни претставници, но и високи претставници на Европа и САД, меѓу кои премиери, претседатели, министри, генерални секретари на меѓународни организации, европратеници, претставници на граѓанскиот сектор. За настанот се акредитирани над 100 домашни и странски новинари.

Учесниците на Конференцијата ќе се осврнат и на трансатлантските врски, кои ќе бидат тема на дискусија и обработка на панелот на високо ниво на вториот ден од Конференцијата, каде ќе се разговара за враќањето на синергијата меѓу ЕУ и САД во однос на Западниот Балкан.

На настанот доминантна улога имаа претставниците на САД, Филип Рикер и Метју Палмер. Првата силна порака за корумпирани лидери кои ја водат Македонија ја испрати лично претседателот на САД Бајден. По него со силен шамар за власта беа констатациите на Рикер. Но Палмер не остана покусо. Тој го зададе последниот удар кон македонските корумпирани лидери. Палмер констатираше дека е срамно земјата да ја водат лидери кои крадат од граѓаните!

Покрај економијата граѓаните од регионот се најмногу загрижени за корупцијата. Спротивставувањето на корупцијата е основа за зачувување и зајакнување на демократијата. Кога политичките лидери крадат од граѓаните на нивната земја, и го нарушуваат владеењето на правото и независното судство, економскиот раст се забавува, нееднаквоста се шири, како и правичниот пристап до услугите. Според тоа, реформите не треба да бидат дизајнирани само за заживување на економијата по Ковид. Исто така мора да бидат во насока на зајакнување на демократските институции за да ги направат понезависни и потранспарентни, порача Палмер.

После овие силни пораки, САД се кренаа на пиедесталот на пријателите на македонските граѓани. САД се ставија на страна на граѓаните, а против криминалните политичари. Владата на Заев ја изгуби поддршката од САД. Од ЕУ исто така кренаа раце од толку корумпирана власт. Дали се подготвува бура на политичката сцена во земјава?