ПРЕС на Македонски Концепт за ЕУ извештај

Политика

Пресконференција на политичка партија Македонски Концепт во врска Извештај на ЕУ за напредок на Македонија во интегративниот процес кон Унијата. Се обрати националниот тим лидер на партијата, Петар Богојески.

Само искрен однос на ЕУ кон Македонија, ќе ја врати довербата кај македонските граѓани.

Благодариме на искрениот извештај, со кој состојбата во земјата конечно доби и европско знаменце. Со исто таков искрен однос очекуваме да бидеме известени околу намерите на Унијата за нејзиното проширување.

Во таа смисла, очекуваме јасна патна карта до Брисел од ЕУ, дали ќе патуваме сами, како што ние сакаме, или во пакет со Косово?

Од одговорот на тоа прашање, ќе зависат внатрешните реформи во земјава, вклучително и уставни реформи.

Благодариме на вниманието!