
ИЗЈАВА: ЕУ е премногу нежна со неспособнава Влада
На лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески не му се допадна речникот на ЕУ, кога користи „загриженост“, а сакаат да кажат дека рабoтите не чинат. Според него, тоа што не чини треба да се каже со јасен термин дека „не чини работата“.
„ЕУ е премногу нежна со неспособнава Влада! Македонија уназадува во реформите, а не стои во место!“, вели Петар Богојески, коментирајќи го најновиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија кон европскиот пат.
Богојески дадава дека Македонија нема девет нули со оценката „стоење во место“, туку има негативен тренд во клучни сегметни и ние уназадуваме во секој поглед.
„Нема област во која не е полошо од пред година, две. Ако зборуваме за функционирање на правосудството, особено забелешките на работата на Судскиот совет, но и други работи, особено во делот на советот за јавни обвинители, изборот на шеф на обвинителството за организиран криминал и сл. ќе констатираме тотална катаклизма.“, вели Богојески.
Затоа, според него, срамно е што ова не е директно кажано од ЕК во оценката за Македонија. Практично оценка „нема напредок“ е балансирање со измеќарите во власта, во обид да го покријат срамот и да не се каже дека Бугарија не е единствен проблем за наш напредок во Унијата. И тоа е голем проблем, додава Богојески.
Мора ЕУ работите да ги кажува како што се, ако сакаат вистински да ни помогнат да тргнеме во реални реформи. Како до сега, ќе продолжат бандитите од власта со криминал, а ЕУ ќе глуми слепа правда. Македонија треба да покаже јасен исчекор во интегративниот процес кон ЕУ, да се направи тотален рестарт на системот, и еднаш веќе да видиме излез од оваа ситуација, вели тој.