МАКСО живее во минатиот век, ова се други времиња

Политика

Лидерот на партијата Македонски Концепт, Петар Богојески смета дека изјавата на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски за хомосексуланите заедници е дискриминирачка и антипод на граѓанската држава, за која наводно партијата Знам на Димитриевски се залага.

“Максо живее во минатиот век, ова се други времиња. Тој не ја разбира граѓанската држава и општество. Во нив нема место за дискриминација по било која оределба на граѓаните, етничка, верска, вклучително и сексуална. Сите граѓани ги имаат истите права.

Македонски Концепт се залага за право на граѓанска заедница за сите, вклучително и хомосексуалците, со полни наследни права. Религиски брак е во надлежност на верските заедници и тие ќе одлучат како ќе го практикуваат!

Она што е од Бог дадено, тоа е природно и за Македонски Концепт е дозволено. ЛГБ заедницата, без тоа Т+, е природна појава, и треба да има полни граѓански права, без посвојување на деца, зашто тоа пак не е природна состојба. Сите глупости на Т+ заедницата, геј паради и некакви “џендер баланси” не се дозволуваат!

Потребни се ЛГБ клубови и легална проституцијата, бидејќи сексуалното општење е природна појава, а на овој начин ќе заштитиме огромен дел од популацијата од сексуално преносливи болести. Тоа се огромни заштети во буџетот на здравството.

Тој бизнис ќе ја зголеми даночната база во земјава, ќе се оданочува со мин 20% ДДВ без олеснувања, како резултат на што ќе намалиме на 2% ДДВ за бебешки препарати, памперси и млеко, за детска храна и облека и ќе воведиме субвенција за секое новороденче до 5 годишна возраст.

Граѓанска држава и полни граѓански права за сите! Тоа е политиката на Македонски Концепт.