
СЛЕДНАТА ВЛАДА ќе нема над 3 министри од Косово
Актуелната влада е мнозинско косовска влада, која управува со Македонија, со помош на сдс измеќарите. Во неа освен претставници на Косово, и по некој Македонец, не гледаме вистински претставници на Македонија.
Тоа значи дека живееме под косовска управа и воопшто да не се чудите што сите лекови, пари или државни резерви завршуваат во Косово. Македонија ја претворија во косовска провинција. – смета лидерот на Македонски Концепт Петар Богојески.
Во следната македонска влада, не смее да има повеќе од тројца министри, претставници на Косово. Друг е разговорот со Арванитите и Арманите, со кои треба да склучиме траен Договор за соработка и споделена кауза за македонска држава на Македонците. Така било во минатото, така ќе биде во иднината.