(Документи) КАТАСТРОФА ЗА БУГАРИЈА, се појави вистината за МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА

Балкан, ИСТОРИЈА, Македонија, РЕЛИГИЈА

Голема катастрофа за бугарската пропаганда кон Македонците, срушен е темелот на истата, а тоа е Бугарската Егзархија, која била создадена за двата народи македонскиот и бугарскиот, како негрчки народи, а не како некаква национална бугарска институција.

Документите кои ги сокрива до денес самата Бугарија како држава, а со цел да ја прикрие историската вистина, полека излегуваат преку турските и грчките архиви.

Пред се, станува збор за весникот „Македонија“, кој на 3 декември 1866 година го основал еден од водачите на бугарската пропаганда во Македонија, избугарениот Петко Рачов Славејков, кој до 25 јули 1872 година излегувал во османлиската престолнина Константинопол / Цариград.

Со својот тираж од 3.600, тој бил најраспространет и највлијателен весник за време на бугаризацијата врз Македонците во рамки на Отоманската Империја.

Славејков и неговиот партнер Јоаким Карјагда печателе во истоимената печатница „Македонија“, купена во 1866 година од Славејков. Се објавувал неделно, а на четвртата годишнина извесен период двапати неделно.

Поднасловот на весникот се менувал неколку пати, зависно од степенот на избугареност на самиот Славејков, кој од ученик во една чиста антипатријаршиска борба, постепено станува трубадур на бугарската шовинистичка пропаганда. Така од описот: – „Политичко-филолошки весник. Ќе излегува секоја сабота“, „Весник за народот“, „Политика, литература и трговска хартија“ и други, доаѓа до антимакедонски пропагатор.

Весникот „Македонија“ зема активно учество во борбата за самостојна црква и за консолидација на бугарското образование, кое постепено се наметнува и врз етничките Македонци. Се залага за радикални позиции за целосен прекин со Цариградската патријаршија и создавање на независна, демократски организирана бугарска црква. Најважните статии за црковни прашања се печатат и на грчки јазик.

Весникот бил суспендиран 5 пати од властите. Во јули 1872 година, поради написот „Двете касти и сили“ на Светослав Миларов, по налог на Митад-паша, весникот бил суспендиран, а Славејков бил затворен еден месец. По неговото апсење, печатницата била конфискувана и продадена.

Долго време немаше одговор на прашањето, зошто Бугарија го прикрива изданието на весникот „Македонија“ што излегол во Цариград на 23 јуни 1870 година, лично редактиран од Петко Рачов Славејков, неколку месеци после издавање на султанско ИРЕДЕ за признавање на бугарската Егзархија на 28 февруари 1870 година.

Веднаш потоа, со Томос на Вселенската Патријаршија, таа црква е прогласена за нелегална, шизматична и фрлена е анатема врз нејзините верници. Токму таа 1870 година, Македонците насилно биле ставени пред избор – да останат под духовно ропство на грчката Патријаршија, или да преминат под новосоздадената бугарска Егзархија. Друг избор немале.

Идејата била преку плебисцит (референдум), македонскиот народ да се изјасни за една од двете опции. „Референдумот“ бил спроведен на начин на кој еден турски службеник придружуван од војници, заедно со еден грчки (зборувал на грчки јазик) и еден „бугарски“ поп (зборувал на македонски јазик), оделе од куќа на куќа (поголеми и повидни куќи, не сите сиромашни ги прашувале) да се изјаснат дали во градот / селото сакаат црква на грчки или на народен славјански јазик?

Големо мнозинство од Македонците, го избирале попот кој им зборувал на разбирлив македонски јазик и им ветил дека новата Црква ќе има богослужба на народен, нивни домашен јазик, односно ја избрале Егзархијата, со надежи и барања таа да биде чисто црковна установа, а не пропагандна и наци-шовинистичка машинерија на Бугарија.

Таа година, Султанот со два документа ИРЕДЕ (кои се заведени во протоколот на Султанот) наредил возобнување на автокефалноста на две цркви бугарска Егзархија и Охридска Архиепископија, како стара македонска Црква. Тоа премногу ја вознемирило Русија, која барала сите „негрци“ да бидат во една Црква и тоа да биде токму бугарска Црква, па преку дирекна интервенција на нивниот тогашен руски амбасадор во Истанбул, грофот Игнатиев, творец на програмата за создавање на бугарска држава, издејствувала да не се објави документот за обнова на Охридската Архиепископија, никогаш не заживеал и волшебно исчезнал.

Тој документ денес се најдува во тајната архива на Вселенската Патријаршија, не е достапен за јавноста, но доколку ја признаат МПЦ – ОА како возобновена Охридска Архиепископија, можно е Грците да ни го дадат на располагање на Македонците и на светската јавност.

Веднаш после тоа, Русија преку Јуриј Венелин создал т.н. бугарски јазик, а руски државни службеници и војници започнуваат со подготовката за воена акција 1977-78 година и за создавање на држава Бугарија.

Русија инсистирала да постои само една „словенска“ Црква, ама тоа да не биде древната Охридска Архиепископија, како мајка Црква и на руската црква, туку да биде нова, бугарска по карактер, а преку црква/вера да се создаде единство на народот, нова нација, неопходно за создавање на нова држава според онаа стара мисла “оној кој ја има црквата/верата го има народот/ ја има државата.

Бидејќи создавањето на посебна македонска Црква како Охридска Архиепископија не одело во прилог на руските заложби за формирање на нивен трабант (сателит) држава (Сан Стефанска Бугарија) со излез на топло море и со име Бугарија (преку кое обезбедувале претензии на таа држава бидејки кнезот Свјатослав по покорување на Волгашка Бугарија се прогласил освен за кнез Руски и за кнез Бугарски, рускиот гроф Игнатиев се заканил со војна на Султанот, доколку не се сокрие ИРДЕТО за ОА.

Иако Русите дале огромна поддршка, самиот чин на возобновување на автокефалноста на црквите бил неканонски (нема основ во каноните) исто како и чинот на укинување на ОА, бидејки бил спроведен од Султан, односно нехристијан со самото тоа неверник, сепак таквото прогласување на автокефалноста на бугарската Егзархија не била прифатена (прифаќање на црквите, а не признавање има основ во каноните) од останатите автокефални цркви се до 1953 година, од кога постои БПЦ (бугарска православна црква) како советска, московска испостава до ден денес.

Изданието на весникот „Македонија“ во Цариград на 23 јуни 1870 година, (сокриено од Бугарија до денес), во корен ја уништува бугарската пропаганда, од самите нејзини пропагатори. Тоа сакајќи да ја промовираат Егзархијата кај Македонците и како македонска, со цел да ја изберат за своја на т.н. „референдум“, ставиле цитат каде што авторот истакнува дека таа ќе биде Црква и на Бугарите, но и на Македонците, кои иако го прифатиле црковното заедништво, сепак признаваат дека Македонците и Бугарите се два посебни народа и дека тоа мора да се почитува.

ВАЖНО! Извадок од оригиналната статија на Славејков:

За оваа историска вистина, дека Егзархијата била создадена како заедничка Црква за сите „негрци“, како Македонците и Бугарите, дирекно на ТВ дуел проговори лидерот на Македонски Концепт Петар Богојески со лидерот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски, на кој Богојески покажа оригинални документи, со кои истото го потврдува.

Богојески потенцира дека се до 3 март 1878 година кога е прогласена Санстефанска Бугарија, во местото Сан Стефан во близината на Истанбул, каде бил потпишан познатиот Санстефански Договор, кој ги поставил темелите на идната бугарска држава и таа ги заземала териториите на бугарската Егзархија, Црквата била заедничка и за Македонците и за Бугарите, а потоа новото бугарско Кнежество истата ја национализира и претвора во бугарска, што било отфрлено од Македонците.

Ова сега дирекно е потврдено од цитатот кој своерачно го напишал бугарскиот трубадур – пропагандист, избугарениот Славејков, а се однесува на член 10 од Иредето на Сулатанот, за признавање на Егзархјата и за правото на Македонците со 2/3 гласови да се приклучат на таа Црква, без да им се даде Охридската Архиепископија.

Богојески истакна дека откако Македонците сватиле дека надежите за заедничка Црква биле заблуда, пропагандата на бугарската Егзархија започнале да ја гледаат исто како на пропагандно-асимилаторската политика на Патријаршијата, па по само 3 години се појавиле движењата – бунтовите против Егзархијата за возобновување на македонската национална црква. Огромна документација за тие бунтови беше достапна во Бугарија пред неколку години, дури се учело во нивните школи за тоа, но денес истата исчезна и веќе за тоа не се говори.

За ова Богојески во фаца на избугарениот Геогиевски му плесна еден од тие забранети оригинални документи, со кој првенците од Прилеп, меѓу кои и дедото на избугарениот Димитар Талев, Диме Талев побарале од Султанот Абдул Хамид Втори признавање на македонска национална Црква, дека не се Бугари и дека бугарската Егзархија ги изневерила Македонците, бараат македонски национални училишта и сл.

Повелете документот на Богојески во оригинал, напишан на македонски народен јазик, од 2 јули 1887 година, преземен од бугарските архиви:

Она кое беше до сега сокриено, а веќе излегува од весникот Македонија, бил објавен напис со наслов „Еден глас за цела Македонија“. Во тој натпис, избугарениот Славејков јавно и отворено ја поставила комплексната содржина на македонското прашање во актуелниот историски момент и преку суптилна етнодистинкција била истакната македонската солидарност во антипатријаршиската борба и побаран соодветен статус и за македонската етничка заедница во организационото поставување и градење на новата црква (Егзархијата).

Бидејќи таа институција востановена со документ на световниот владетел – султанот не била дадена „исклучиво за Бугарите, туку истото се вети и за Македонците преку 10-тиот член … ако си ја покажат сите или 2/3 желбата, ќе успеат да се присоединат кон бугарската црква“, а реализацијата на ваквата можност, во написот, била условена со промовирање на демократскиот принцип во интеррелигиската релација на македонската и на бугарската етничка заедница.

Во спротивно – определбата за централизам, именуван во написот, како „деспотизам“ би ја отворила пред јавноста темата за „прашања македонски“, односно за другоста од аспект на црква (Охридска архиепископија), народност, јазик. Со тоа Славејков признава дека Македонците имаат посебна народност и јазик, а за да им бидат спречени сепаратистичките тенденции, мора да бидат прифатени во бугарската Егзархија и постепено бугаризирани, што се прави до денес и за кој процес сеуште сонува Бугарија преку влегување на бугари во Устав на современа Македонија.

Сега јасно е зошто Богојески е против, а Георгиевски е за влегување на бугари во македонски Устав.

Во тоа време, печатот за поединецот претставувал излез од изолацијата и локализмот, поврзување со светот. Весниците го поттикнувале учеството на граѓаните во заедничкиот живот и придонесувале за ширење на општествените и политичките вредности, но и за создавање на јавно мислење.

Имајќи го предвид последново, кратко време по објавувањето на написот, со свој коментар за „македонското прашање“ се јавил и редакторот на весникот „Македонија“, П.Р.Славејков, кој пред да го читате во бугарски податоци, нагласувме дека доаѓа од личност која имала значајна улога во цариградскиот круг на бугарската пропаганда, главен противник на усилбите кон создавање на заеднички македонско-бугарски јазик, но и на македонистичкото движење.

Несреќен, што македонското прашање не останало како и дотогаш, поттурнато позади сцената на акуелните меѓуетнички и политички односи, П.Р.Славејков не го негирал постоењето на Македонците, само скржаво забележал дека постоело од порано – „уште пред десетина години“ и дека било тема на „не толку сериозни расправии“ во македонско-бугарските односи.

Содржината на текстот доволно ги исцртува елементите на македонското прашање – периметарот на неговата актуелност, особеностите на македонскиот јазик наспроти источнобугарската опција како единствена за заеднички литературен јазик, етнодистинкцијата поткрепена со размисли за етничкото потекло на Македонците.

Во текстот, П.Р.Славејков настојува да ја релативизира и присутната економско-социјалната нееднаквост меѓу Бугарите и Македонците, затоа што последниве, ваквата ситуација веќе ја толкувале како нерамноправност во заедничките општествени ангажирања.

Сето тоа е објавено во „Един глас за всичка Македония“, в. „Македония“, г.IV, Цареград, 23.6.1870, до кој документ имал пристап и самиот Б.Конески, кој го обласнил во статијата „Кон македонската преродба“, Скопје, 1959, ст. 40 – 41.