ГРЦИТЕ тврдат (докази) БУГАРИТЕ се Хуни, немаат ништо со МАКЕДОНЦИТЕ

Балкан, ИСТОРИЈА

Грчките извори за бугарската историја, објавени и публикувани и во научните институции во Бугарија, вклучително и останати словенски извори, докажуваат дека СРЕДНОВЕКОВНИТЕ ПРАВИ БУГАРИ СЕ ТУРКИ – од групата на хунски народи, А НЕ СЛОВЕНИ, а најмалку Македонци!

Во словенските извори од X век не постои претстава, ниту какво било навестување дека тогашните прави Бугари се Словени или дека Словените се „Бугари“. Така, ни бугарскиот владетел, ни бугарската држава, како ниту бугарскиот етнос, никаде, во ниеден словенски запис не се наречени „словенски“.

Овие докази на грчката историографија, во целост ја урнисуваат бугарската теорија за спојување на бугарите со словенските народи во раниот среден век, па врз база на истата тие ја крадат целокупната македонска средновековна историја и ја нарекуваат бугарска.

Во словенските извори, поимите Словени и Бугари се употребуваат за РАЗЛИЧНИ ГРУПИ НАСЕЛЕНИЕ. Називот Бугари се однесува на народ сроден со Хуните и Унгарците, односно тие прави Бугари се Туранци / ТУРКИ. А пак, Словени се народ кој живее на просторот од Македонија до Велика Моравија.

Грците го објавуваат синаксарот на Цариградската црква, каде што во грчкиот запис Турко-Бугарите се наречени Скито-Бугари. Скити е општо име за азијатските народи или народи кои доаѓаат од истокот.

Словенски превод на Синаксарот на Цариградската црква, каде Бугарите наместо со Скити, се поврзуваат со Унгарците и Хуните. Словенските хроничари во својот превод го додаваат терминот Хуни, којшто честопати го нема во оргиналните записи на грчки јазик.

Јоан Малала вели „Ахил (потекнувал од народ)… Тогаш наречен Мирмодонци а сега Бугари”. Ова е секако – бесмислица. Во антиката никаде не се спомнуваат „Бугари“. А, Мирмидонците се митски народ, чиешто постоење историјата не го потврдила. Со еден збор, не постоеле.

Но, Малала покажува друга занимливост – името „бугари“ означувало ПОВЕЌЕ РАЗНОРОДНИ народи, од кои барем еден е измислен. Но тоа нé води кон следниот пример, каде што и овие ИЗМИСЛЕНИ „бугари,“ еден друг писател повторно ги поистоветува со Хуните – Турки.

Во својот превод, пак, „од грчки на словенски” јазик, Григориј Мних пишува – „…тогаш наречени Мирмодонци а сега Бугари и Хуни”… Григориј го додава називот „Хуни”.

Името „бугари“ секогаш се става во кошот на Туранците – Турки, особено во „Грчки извори за бугарската историја“ – ГИБИ, издава: БАН; Бизантинотуркика, Лејден, Брил, 1983.

Значи, Словените сами себе не се нарекувале „Бугари“ во 10. век, спротивно од она што го тврди бугарската историографија. Самите Словени, во словенските записи, Турко-Бугарите ги поврзуваат со Хуни, па тоа само ги дополнува другите „византиски“ (ромејски) извори коишто ги поврзуваат тие прави Бугари со Хазарите, Аварите, Котригурите, Оногундурите, т.е. со туркските народи.