Најавено заладување и снег во делови од Македонија – еве кога
По вистинската пролет со вистински пролетни температури кои изминативе денови ги имавме во Македонија, веќе од утрешната ноќ кон вторник 20/21 април 2026 ни доаѓа значителна и нагла промена на временската состојба кај нас во Македонија и во поширокиот дел од Балканскиот Полуостров.
Продор на значително поладен воздух од север ќе ги спушти температурите во Македонија и поширокиот Балкански Полуостров за околу па и за повеќе од 10 степени во споредба со оние температури кои ги имаме сега.
Токму ова значи дека топлата облека сеуште ќе ни биде потребна во периодот кој што ни следува.
Метео прогноза на Славчо Попоски
