СИСТЕМАТСКИ ГЕНОЦИД: Искршен МАКЕДОНСКИОТ клуб во Благоевград

Балкан

Синоќа со каменување е искршено стаклото од влезот на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија. Според бугарските медиуми, бугарската полиција извршила увид и потврдила дека по 21 часот е каменуван излогот на клубот.

Ова е доказ дека Бугарија прави систематски геноцид врз Македонците во таа земја. Нападот е извршен од омраза кон Македонија и Македонците, бидејќи во таа земја е забрането да се определиш за етничка припадност.

Каменувањето се случи откако вчера, по 300 евра парична казна и протерување и 3 години забрана за влез во земјава добија тројцата бугарски државјани кои на граничниот премин Деве Баир се обиделе физички да нападнат полицајци, соопшти доцна вечерва Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тоа беше претпладнето, кога повеќе од два часа беше паднат системот на сите гранични премини во земјава, поради што не се пропуштаа возила. Меѓу блокираните беа и 100-150 бугарски граѓани, кои заедно со бугарската делегација на чело со министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев требаше да дојдат во Скопје на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

Поради тензиите со Бугарија, вчерашното одбележување беше прогласено за настан од висок безбедносен ризик.

Македонскиот клуб во Благоевград беше отворен лани на 30 октомври. На отворањето на клубот присуствуваа низа македонски политичари и претставник на кабинетот на претседателот Пендаровски.

Паралелно со отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, на плоштадот во Благоевград, кај споменикот на Гоце Делчев, имаше мал протест на приврзаници на бугарска партија ВМРО-БНД, предводени од европратеникот Ангелче Џамбаски, познат по радикалните антимакедонски ставови.

Џамбаски и приврзаниците ги спречија македонските делегации да положат цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, а плачат што не можеле да присуствуваат на чествувањето во Скопје.