БУГАРИТЕ ПОЛУДЕА: Гоце Делчев лично забранил да влезат во УСТАВОТ на Организацијата

Македонија

Бугарските историски фалсификати, кои се промовираат со децении, кулминираа со лажното тврдење дека Уставот на македонската револуционерна Организација создадена во Солун 1893 година бил пишуван од Гоце Делчев и во него пишувало дека членство во организацијата има секој бугарин, а името е бугарски македоно одрински револуционерни комитети.

Но како и на секоја лага, така и на оваа, нозете и се кратки, па јасно е дека МРО имало имало сосема друго име и устав при своето формирање, а уставот кој бугарите го вметнуваат бил предлог на избугарениот ВМК до Централниот Комитет, доставен многу покасно од основањето на Организацијата и истиот како обид за избугарување на македонскиот комитет бил даден на ревизија на Гоце Делчев, пред да биде разгледуван.

Македонската организација си имала свои акти и име, што јасно се гледа од печатот на Организацијата, која постоела целосно независна од избугарениот ВМК и на крај успеала да го преземе токму тој ВМК и да го претвори во свој орган.

Името било Македонски Централен Револуционерен Комитет – МЦРК, кој бил отворен за сите кои живееле во Македонија и биле подготвени да се борат против отоманското ропство. Никаде во актите на Организацијата не се спомнувало бугарин или бугарска.

Откако Бугарија направила обид за удар врз македонскиот Централен Комитет – МЦРК, доставила предлог Устав кој лично го ревидирал Гоце Делчев. Тој устав никогаш не бил прифатен од МЦРК и некогаш не бил официјален за македонските револуционери.

Според проф. д-р. Ванчо Ѓорѓиев, член кој се повлече од учество во македонско – бугарската историска комисија, Гоце Делчев интервенирал лично со свој ракопис врз текстот на бугарскиот устав и го има чкртнато делот во Уставот на организацијата каде пишувало Бугарска и Бугарин, па напишал Македонец и македонска.

– Автоголот на Бугарската историографија е кога редовно зборуваат за овие теми, тие се повикуваат за еден Устав и правилник на бугарски македонско одрински револуционерни комитети, при што прават едно антидатирање на овој документ и подметнуваат дека наводниот документ е напишан лично од Гоце Делчев.

Во тој Устав и член стои дека во таа организација член може да биде секој Бугарин и оттука се обидуваат да извлечат име на организацијата – изјавува Ѓорѓиев.

Тој додава дека играјќи си понатаму со тој Устав, Бугарите отидоа до таму што заборавија од каде почнаа со фалсикувањето и со подметнувањето.

– Таму се вели дека Гоце Делчев вршел корекции на овој Устав во 1902 година, каде има ракопис на Гоце Делчев како чкртал по него, а што пречкртал всушност тој?

Ги пречкртал името каде стои бугарска и бугарин, па напишал Македонец – дециден е Ѓорѓиев, порачувајќи дека штом Гоце ги избришал Бугарите од Уставот, и ние нема да ги внесеме.

Политичарот Петар Богојески, кој исто така е историчар, подолго време во јавноста изнесува автентични историски докази на оваа тема, истакнувајќи дека бугарските фалсификатори измислуваат дека било кога македонската револуционерна организација го носела името БМОРЦК.

– Организацијата која предходела на ВМРО, никогаш не го носела името БМОРЦК. Станува збор за еден бугарски обид, пред кревање на Илинденското востание, преку ВМК некаде во 1902 година да подметне друг Устав на МЦРК и со тоа да им даде бугарски карактер на македонската револуција и на Илинден.

Тоа никогаш не било прифатено или официјално разгледувано на ЦК на МРО, а Гоце Делчев е личноста која плати со живот поради борбата против бугаризацијата на МЦРК. Секогаш името на Организацијата било македонско и имала македонски карактер и Устав, како што всушност е и Илинденското востание, кое бугарските фалсификатори денес сеуште се обидуваат да го избугарат и го нарекуваат Илинденско – Прерожбенско востание.

Бугарските тврдења немаат врска со историската реалност! – дециден е Богојески, кој неколку години го посочува вистинското име на МЦРК од 1893 година, со првиот потпис на великанот Дамјан Груев.