(Видео) АМЕРИКА удри на ДУИ, расте руското влијание кај АЛБАНЦИТЕ

Македонија, Хроника

Американската амбасадорка Анџела Агелер го критикуваше изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Во писмен одговор на прашања за редакцијата на „360 степени“ да даде став за целиот процес, таа изразува отворено незадоволство од начинот на кој Ислам Абази стана шеф на обвинителството што треба да ја предводи борбата против корупцијата.

Амбасадорката и Амбасадата, се вели во писмениот одговор до „360 степени“, очекувале повеќе и поради милионите долари потрошени во обуки на обвинителите кои, пак, самите гласаа за шеф на ОЈО за ГОКК. Се додава и дека граѓаните заслужуваат независен правосуден сектор и дека политичкото мешање нема место во овие постапки.

-Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција.

Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните“, одговори амбасадорката на САД во земјава, Агелер, на прашањето на „360 степени“.

Обвинителот од Гостивар, Ислам Абази, беше избран за шеф на ОЈО за ГОКК на 7 ноември, откако тој доби највеќе гласови од своите колеги, вкупно 66. Неговата колешка од Вишото обвинителство – Гостивар, Деса Пауновска доби најмалку гласови, односно 10, Ермон Незири од скопското обвинителство доби 64 гласови, додека Вилма Русковска која исто така се кандидираше освои 14 гласови.

Согласно Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаа сите јавни обвинители во земјата.

Прашање е како најголем дел од тие обвинители, избрани за време на режимот на Грујо, сега гласаа токму за кандидатот на ДУИ и што толку ги спојува руските инсталации во македонското судство со ДУИ и Албанците?

Дали инсталации во СДСМ кумуваа на бракот помеѓу „партиските војничиња“ на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ во правосудниот систем и дали нив ги спои токму еден фактор, руската амбасада во Македонија?

Која е екипата во СДСМ која застана зад изборот на Абази, дали истата екипа учествуваше во палење на американската амбасада во Скопје во 1999 година? Овие прашања, заслужуваат одговор, секако доколку дозволи Шеќеринска, шефицата на одговорите на власта!

Видео со одговорот на амбасадорот Агелер и САД: