Спречено УБИСТВО ВО КАФУЛЕ – УАПСЕН млад човек кој избоде постар гостин

Балкан, Хроника

Спречено убиство во кафуле во Крагуевац: Уапсен млад човек (24) кој избоде постар гостин На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство во Крагуевац.

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Крагуевац го уапсиле У.Ј.(24) од овој град поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид.

Тој е осомничен дека на 5 ноември годинава со остар предмет во угостителски објект во Крагуевац прободел 46-годишен маж во стомакот, нанесувајќи му сериозни повреди опасни по живот.

На повредениот му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Крагуевац.