СКАНДАЛ: Спасовски на страната на ГРУЕВСКИ и МИЈАЛКОВ
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски звани Обиџуко во врска скандалот со продавање на македонски пасоши на белосветски преваранти и мафијаши, особено за случајот со Олександар Онишенко даде шокантна изјава.
Спасовски изјави дека фактот што Онишченко бил на црната листа на САД, не значи дека тој е криминалец. Со ова не само што остана збунета американската амбасада во Скопје и американскиот Стејтдепартмент, запрепастена е и целата македонска јавност.
Иста ваква изјава дадоа и Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков, кои во моментот кога САД соопштија дека е на црната листа поради корупција, изјавија дека тоа не е точно и дека самите ќе ја увидат грешката. Тие сметаат дека тоа што си на црна листа не значи дека си криминалец.
Изјавите на Мијалков и Груевски се идентични со изјавата на Оливер Обиџуко. Останува отворено прашањето, дали Обиџуко застана на страна на братучедите и се согласува со нив, дека САД не знаат што прават и на црна листа ставаат чесни бизнисмени како Мијалков, Груевски и Онишенко?
Дали во меѓувреме и Обиџуко станал чесен бизнисмен и се подготвува за црна листа на САД?