ПАПАТА постави НЕПРИЈАТНО прашање, кој ќе одговори?

Свет

Поглаварот на Римокатоличката црква ги потсети денешните големи сили на едно непријатно прашање од Втората Светска војна: Кога веќе Сојузниците знаеле за ужасот во Аушвиц, зошто никогаш не ги бомбардираа железничките линии кои водат кон овој логор на смртта?

„Големите сили знаеа што се случува и имаа фотографии од железничките рути кои водеа кон концентрационите кампови како Аушвиц преку кои на убивање беа носени Евреи, христијани, Роми, хомосексуалци…. Кажете ми зошто никој од нив никогаш не ги бомбардираше тие пруги?”.

Оваа забелешка папата Франциско ја сподели со група млади луѓе од италијанскиот град Тoрино на кои им призна дека разбира колку им е тешко да му веруваат на овој свет.

Ништо помалку директен не бил и во врска со подоцнежните гулази во Советскиот Сојуз, ниту пак кон молкот за ерменското страдање за кое веќе го навлече гневот на Турција нарекувајќи го геноцид.

Потсетувајќи ги младите на цинизмот на големите сили во 30-тите и 40-тите години од минатиот век, Папата го споделил своето чувство дека во денешниот свет сè се прави за пари при што ги критикувал особено они кои проповедаат мир, а продаваат оружје.

Дали Папата при тоа мислел на САД и нивните сојузници? Тоа прашање остана неодговорено на младинскиот форум.