Пекол во Америка

Свет

Вонредна состојба на делови од Америка. Измерени 54 степени. Се очекува да бидат срушени бројни рекорди, со температура од 47 степени во Феникс, 42 степени во Калифорнија, додека живата во термометарот треба да достигне 45 степени Целзиусови во Лас Вегас.

Бран на топлина и рекордно високи температури го зафати југозападниот дел на САД во последните три дена, а во четвртокот се прошири на исток кон Ајова и Мисури.

Националниот метеоролошки центар издаде предупредување за југозапад, вклучително и Аризона, јужна Невада, голем дел од Калифорнија и делови од Јута, објави Ројтерс.

Предупредувања за исклучително високи температури се издадени и за Канзас, Небраска, Ајова и Мисури.

Температурите во изминатите три дена беа околу 38-от степен на Целзиусовата скала, што е за 10 до 20 степени над просекот за овој период од годината.

Се очекува да бидат срушени бројни рекорди, со температура од 47 степени во Феникс, 42 степени во Калифорнија, додека живата во термометарот треба да достигне 45 степени Целзиусови во Лас Вегас.

Според Ројтерс, во Националниот парк Долина на смртта во Калифорнија, едно од најжешките места на планетата, во средата се регистрирани рекордни 54 степени.

Додека клима-уредите се вклучуваат нон-стоп во домовите и деловните простории, властите во Тексас и Калифорнија ги повикаа потрошувачите да заштедат електрична енергија оваа недела за да го намалат притисокот врз пренапрегнатата мрежа на и да избегнат прекини на струја и прекинување на електричната енергија.

Топлината донесе и шумски пожари во овој дел на Соединетите држави, но повеќето од нив, или најмалку 50 проценти, беа локализирани, пренесува Ројтерс.