
Богојески со прашање до Заев
Во врска со изјавата на премиерот Заев дека на дресовите на македонската фудбалска репрезентација мора да стои Северна Македонија, реагираше и Петар Богојески.
Богојески запиша:
Премиере Заев ја разбирам вашата позиција за имплементација на Преспанскиот договор, но имам едно прашање. До каде ви се преговорите за членство во ЕУ, премиере?
Јавно е познато дека имплементацијата на Преспанскиот договор е цврсто врзана за фазите на преговори со ЕУ. Тогаш е нејасна позицијата на Заев зошто инсистира на севернизација на се и сешто во Македонија, без преговори во ЕУ.
Дали сте свесни дека вие го имплементирате Преспански договор спротивно на одредбите на самиот тој договор? Дали знаете дека со тоа го загрозувате не само договорот, туку и позицијата на Македонија за отпочнување на преговори за членство со ЕУ? – заврши Богојески.