Камчев и Мијалков се помирија

Македонија

Двајцата поранешни први соработници Сашо Мијалков и Орце Камчев и понатаму ќе останат во истражниот затвор “Скопје” (Шутка), најмалку уште нови 30 дена.

-Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи мерката притвор за лицето Ј.К за 30 дена, поради постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП, информираат од Кривичниот суд.

Тие се заедно веќе три месеци е во притвор, а сега таму ќе останат уште нови 30 дена. На тој начин имаат време да ги испеглаат меѓусебните недоразбирања. Помирувањето на Камчев и Мијалков ќе се одбележи како значаен настан и во опозицијата. Тие нудеа гаранцијии од милиони евра за да се бранат од слобода, но тоа им  беше одбиено од Апелацискиот суд зашто и натаму постои опасноста од бегство на двајцата „бизнисмени“.

Кривичниот суд наскоро ќе треба и да го оцени обвинението за “Плацевите на Водно”, кое беше поднесено пред еден месец. Доколку добие зелено светло, тогаш набрзо ќе стартува и судењето. Освен Камчев, во овој случај осомничен е и екс премиерот Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, екс директорот на УБК Сашо Мијалков, мајката на Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Според обвинителството, од 2006 до 2012 година, Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиски донации што ги добивал лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра. Од октомври 2012 до септември 2013 година, парите ги потрошил со купување градежно земјиште на Водно, поточно на зафатот веднаш над Панорама, односно во местото викано Шербетница. Но за време на истрагата беа откриени и уште два нови стана и ново градежно земјиште, кои од неодамна на барање на обвинителството се замрзнати.