ОПАСНОСТ на полигонот во Криволак – се вклучи армиски хеликоптер

Македонија, Хроника

Армиски хеликоптер почна со гаснење на пожарот кој избувна во источниот дел од полигонот „Криволак“. Откако противпожарните екипи поради непристапноста на теренот не успее да го изгаснат огнот кој избувнал, најверојанто, во ноќните часови, од попладнево во гасењето се вклучил и хеликоптер на АРМ.

Во период од околу еден час хеликоптерот на двапати испуштил вода, со вкупна количина од пет тони, но поради лошите услови за летање, пред се поради многу топлото време, можно е хеликоптерот попладнево да биде приземјен и со гаснењето да продолжи рано наутро.

Пред вклучување на хеликиоптерот во гаснењето, инжинериските единици на армијата кои се наоѓаат на полигонот, направиле заштитен обрач околу опожарениот дел, за да сее оневможи брзо ширење на огнот.

Станува збор за пожар од поголем обем на границата на полигонот „Криволак“ кон Неготина кадешто гори нискостеблеста шума. Во гасењето на пожарот се вклучени противпожарни екипи од Неготино, но и од самиот армсики полигон.