ПОЕНТА НА ДЕНОТ со конечно ДОБРИ вести од Бугарија

Балкан

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

Соседна Бугарија започна јавна дебата за промена на националниот празник, преку кој се отсликува државната идеологија.

Ако за Македонија тоа е ИЛИНДЕН, за Бугарија тоа е 03-ти Март, денот на Санстефанска или Голема Бугарија.

Сега се носи одлука тоа да биде сменето како неприфатлива државна доктрина, бидејќи истата е во конфликт со сите соседи, вклучително и со Македонија, а е проект на Русија.

Санстефанска Бугарија е руски сон, голема руска држава на Балкан, која ќе почива на азијатското минато на Бугарите, со цел да се чувствуваат блиски на азијато – руските амбиции во јужна Европа.

Бугарите се решиле да се МАКЕДОНИЗИРАТ и конечно да го напуштат азијатското минато!

Така како клучен датум кој се предлага да стане национален празник на Бугарија е 24ти Мај, денот на Словенските просветители Кирил и Методиј.

Историски е јасно дека азијатска Бугарија на хан Аспарух и неговите наследници е поразена и уништена од солунските браќа Константин и Методија и нивните следбеници Климент и Наум Охридски.

Тие прават целосна асимилација на бугарската култура, јазик, писменост… целокупниот бугарски идентитет го македонизираат, го покрстуваат и прекрствуваат Хан Борис во Кнез Михаил, со што Бугарија станува дел од најстарата култура на Балканот, а тоа е македонската.

Сега Бугарија одлучила да се помакедончи, а Бугарите конечно да признаат дека мнозинството од населението, познато како македонски Бугари им е со македонско потекло, а Бугарија и официјално да стане македонска држава и по државна идеологија.

Тоа е напуштање на живковизмот како државна идеологија на Бугарија, што е за поздравување и секоја поддршка.

Проектот за македонзиација на Бугарија го води партијата ГЕРБ на познатиот Бојко Борисов, што е охрабрувачки фактор дека процесот ќе успее!

На Балкан конечно ќе добиеме трета македонска држава со официјална македонска државна идеологија, после Македонија и Грција.

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!