Ципрас конечно соопшти зошто потпишал Преспански договор

Uncategorized

Поранешниот премиер на Грција, Ципрас конечно откри зошто го потпиша Преспанскиот договор. Тој се плашел од турски војници на северната граница од Грција.

Ако не беше постигнат Договорот од Преспа, сега ќе имаше ситуација на северната граница на Грција слична на онаа во Либија, односно воено присуство на Турција.

Ова е скандалозната изјава на лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција Алексис Ципрас во интервју за регионалната телевизија Стар.

Не само што постигнавме решение што гарантира мир и стабилност во регионот – со создавање сојузник на нашите северни граници, туку исто така спречивме проширување на Турција во регионот. Тоа е многу важно, вели поранешниот грчки премиер.

Тој вели дека договорот постигнал искрено решение за критичните прашања поврзани со културното наследство, но исто така и стави крај на неприфатливата и неубава стратегија за присвојување на грчкото културно наследство.

Во исто време, Ципрас се прашува каде исчезнаа сите што протестираа против договорот. Што треба г-н Мицотакис да им каже денес на сите со кои тој беше рака под рака и се мобилизираше, велејќи им дека ова е предавнички договор, сега кога тој се држи до него и го почитува, праша тој.

Тој додаде дека во одреден момент сегашниот грчки премиер „ќе се соочи со своите одлуки и ќе мора да се појави пред грчкиот народ и да го објасни својот став“, но исто така и дека во 2018 година „со демагошки и популистички став за клучно национално прашање“ неговата цел беше само да стане грчки премиер.

Зборувајќи за договорот со Македонија, Ципрас ја критикуваше владата за трите меморандуми, кои сè уште не се на дневен ред на ратификација во грчкиот парламент и рече дека тоа не е во корист на Мицотакис.