Министерка скарана со поимот работник

Македонија

Минисрката за труд и социјала, Шахпаска не го поима зборот работник. Не разбира дека работник е секој еден кој не е сопственик на средства за производство. Што значи работник е и министер и директор и раководител. Сите тие работат за сопствениците на средствата. Било приватни или државни.

Министерката го образложуваше законското решение што го усвои Владата, а предвидува недела да биде неработен ден. Тоа било дел од политиката на Владата за заштита на правата на работниците.

Со ова решение ние ги штитиме правата и на тие работници што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, вели во интервју за МИА министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Министерката е потребно да посети дополнителна едукација за да разбере на што се однесуваат мерките. Особено кога зборуваме за работници.