ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА и македонската толеранција на заканите од Бујар

Uncategorized, Добро утро, Македонија, Политика

ВАНДАЛИЗМОТ И ВАРВАРСТВОТО НА ДУИ НАШ СЕКОЈДНЕВЕН РЕАЛИЗАМ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

До тука било трпението на македонскиот народ. Многу поминал овој македонски народ за да биде лесно  исплашен од заканите на Бујар Османи. За какви меѓуетнички тензии зборува Бујар, не е јасно. Немате право уста да отворите па камо ли тензии да стварате. По кој основ? Што ви фали? Имате уште желби? Малку ви е шемата за вработување на малцинствата (читај албанци) која никако не подразбира и регрутирање на квалификувани луѓе? Овој процес го претворивте  во механизам за неквалитетни вработувања на партиски послушници и активисти!

Институциите ги претворивте во чаиџилници! Малку ви беа 1600 кои 10 години на грбот на македонскиот народ ја „цицаа“ државава без да се појават на работа!? Колку ли ви требаат криминал, корупција, уличарство и срамни сценарија од вашите владини функционери!?

Колку треба да толерира македонскиот народ?! Уште колку години треба да ви  ги плаќа сметките за електрична енергија? Да не ви фали асфалт во некое селце можеби? Универзитет или школо?

Или можеби некој ве ограничува да го говорите својот јазик! Што е тоа што го немате , а ви припаѓа? Дали некој посегнал по вашиот идентитет или постоење на ова македонско тло!?

Бујар, сето ова го „свари“ македонскиот народ, свесен за штетните последици од истото. Ама во македонските чувства и идентитет НЕМАТЕ ПРАВО да се мешате. Нема да може повеќе од ова, доста е. Доволно е. Македонскиот народ нема да ти дозволи да ја решаваш така лесно, безчуствително неговата судбина. Немате мандат за да ја продавате државата, не заборавајте, таа е сепак македонска!

Можеби на Бујар и дружината му  ништо не му значи ниту македонскиот јазик, ниту македонскиот идентитет па затоа со леснотија прифаќа се што ќе му понудат!

За какви меѓуетнички тензии зборува Бујар!? Зарем македонскиот народ треба да го толерира вашето дивеење насекаде и да молчи? Не ви поминува веќе филмот „меѓуетнички тензии“,. Неможете да се криете позади овој филм. Помина тоа време кога реакциите на македонецот за  секое ваше непринципиелно барање и дејствување го нарекувавте меѓуетничка тензија. Македонците немаат проблем со чесните граѓани албанци туку со дивјаците и криминалците, штетници за македонската држава и нејзиното постоење кои и овојпат сакате да ги сокриете под превезот „меѓуетнички тензии“.

Собранието,  највисокиот законодавен го претворивте во арена на „гладијатори“ каде „гладијаторските борби“ стананаа  популарни претстави кои лидерите му ги подаруваат на својот народ. Нема голема разлика помеѓу  некогашните борци од Стариот Рим  „гладијатори“ кои  биле робови или воени заробеници кои биле задолжени да се борат, криминалци кои сакале да побегнат од смртна казна, или слободни луѓе кои на тој начин сакале да заработат и да се извлечат од сиромаштијата и сегашниве „гладијатори“ кои исто така се робови на своите лидери  кои се борат за пари и престиж, криминалци кои си „одработуваат“ за слободата и по некој слободен граѓанин на кој овие претходниве му се идоли.