МЕЃУНАРОДЕН СКАНДАЛ: Осудуван дискриминатор не застапува во ОБСЕ

АНАЛИЗА

Република Македонија како свој претставник во ОБСЕ, најважната организација за безбедност и соработка во моментов во услови на руска воена агресија врз Украина, го испратила лицето Дражо Николиќ, осудуван дискриминатор со одлуки на Комисијата за заштита од дискриминација и особено за злоупотреба на службена положба и овластување од Државната комисија за спречување на корупција.

За истото лице, поставено за државен секретар во Министерство за одбрана веќе се отворени постапки за кривична постапка поради корупција во одбраната во рамки на Обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција. Државниот секретар Николиќ е обвинет за местење на јавни набавки со негови приватно блиски лица и фирми, преку кои противправно е стекната огромна материјална корист и направена е штета на Буџетот на Република Македонија.

Имено, на 28.06.2022 Министерството за одбрана на Македонија на својата ФБ страна објави: „Државниот секретар во министерството за одбрана, Драган Николиќ учествува на Годишната конференција за безбедносен преглед на ОБСЕ, што во рамки на полското претседавање се одржува во Седиштето на организацијата во Виена.

За време на конференцијата свое обраќање имаше и државниот секретар Николиќ кој истакна дека регионот на ОБСЕ се соочува со незаконска и неправедна агресија на една земја учесничка врз друга, војна без преседан. Повика на итен престанок на агресијата, повлекување на вооружените сили на Руската Федерација од територијата на Украина и итен престанок на злосторствата.

„Додека има војна, не можеме да зборуваме за доверба и дијалог. ОБСЕ механизмите за градење на доверба, контролата на вооружувањето и примената на одредбите на Виенскиот документ се во состојба на хибернација“, рече Николиќ.“ – затворен цитат.

Во Министерството за одбрана има жестоки реакции поради овој настан, каде лице осудувано за садистичко поведение врз своите колеги, за дискриминаторско однесување и корупциски афери, е испратен да ја застапува нашата држава, членка на НАТО замислете во ОБСЕ.

Изненадени сме како е можно лице кое има мислење од КСЗД дадено на следен линк:

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fkszd.mk%2F%25D0%25BA%25D1%2581%25D0%25B7%25D0%25B4-%25D1%2583%25D1%2582%25D0%25B2%25D1%2580%25D0%25B4%25D0%25B8-%25D0%25B2%25D0%25BE%25D0%25B7%25D0%25BD%25D0%25B5%25D0%25BC%25D0%25B8%25D1%2580%25D1%2583%25D0%25B2%25D0%25B0%25D1%259A%25D0%25B5-%25D0%25B2%25D1%2580%25D0%25B7-%25D0%25B2%25D1%2580%25D0%25B0%25D0%25B1%25D0%25BE%25D1%2582%2F%3Ffbclid%3DIwAR0L_i7qlNSb5JVGeVM5d3kt_PDTeNSJAGv23EFsU2neaT1Stl77B90olS4&h=AT3CnS2Fnd5IgzDH4H4ZdMUbPuhjDpxHUKQsZovDb5o4-jtlH3KDEHeIUw7UfEFPdFsaHnQ9MUiH1kxMp9-E_uYj6hlJLhG_0z_Sr_2ijEx7UJGE2W1UgbLZrDDuajdWX97AJw

за констатитање на вознемирување на работно место (дискриминација) над лицето ДД, може да зборува против дискриминација и за соработка и безбедност во ОБСЕ.

Дали блискоста со Шеќеринска била пресудна да Владата на СДСМ донесе одлука овој осуден дискриминатор да не застапува во ОБСЕ и покрај одлука од ДКСК дадена на следен линк

https://dksk.mk/wp-content/uploads/2022/06/12-464-15-dp.pdf?fbclid=IwAR12nbwvFo7Pb4K9v4etb4fHIxFnAqtAiUNzXq2731paSt5Or_TFsj8lpR0

со која: поради постоење на основано сомневање за сторена повреда на посочените законски одредби и подзаконски акти при вршење на функцијата државен секретар на МО, врз основа на член 17 став 1 точка 4 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ДКСК одлучи до Министерството за одбрана да покрене иницијатива за поведување постапка за утврдување на одговорност на службено лице Драган Николиќ, државен секретар во МО.

Воедно, ДКСК одлучи Иницијативата да ја достави и до заменикот на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење. Според веќе наведените документи од КСЗД и ДКСК, против именованиот дискриминатор Дражо Николиќ има уште неколку тужби за дискриминација и тоа по разни основи: професионална, социјална, па и за национална и верска дискриминација.

Како е можно вакво лице да ја претставува државата и да зборува за ДОВЕРБА И ДИЈАЛОГ кога немаше доблест, способност и желба да гради доверба и дијалог пред се со потчинетите, што му е и основна задача во своето работење. Да зборува во седиштето на ОБСЕ чији мандат во РМ е:

Мисијата првенствено се занимава со следење и поддршка на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на вооружениот конфликт од 2001 година. Целта на договорот е да се гарантира учеството на сите етнички заедници во политичкиот, општествениот и културниот живот. Главниот акцент е на децентрализацијата, анти-дискриминацијата, правата поврзани со образованието и јазикот, како и на правичната застапеност на сите граѓани.

„Во мандатот на Мисијата дополнително спаѓаат и реформите во полицијата и законодавството, владеењето на правото и областите поврзани со доброто владеење. Се надевам дека за ова не биле информирани органите на ОБСЕ или во спротивно кого оние поддржуваат?“ – се прашува вработено лице во МО, жртва на дискриминација од државниот секретар Дражо Николиќ.

Дополнително за ова лице може да се информирате на следен линк:

КСЗД утврди вознемирување врз вработен во Министерството за одбрана од страна на непосредно претпоставените лица во хиерахиска поставеност

Само да потенцираме дека истото лице беше обвинето и во случајот со давање на отказ на државниот советник Петар Богојески поради искажано различно мислење / убедување од тие на власта на социјалната мрежа Фејзбук.

Прогонот против Богојески, кој го споведува осудениот дискриминатор Дражо Николиќ, како постапка е оспорена од многу меѓународни и домашни организации за заштита на човековите права и слободи, веќе е поведена постапка за Заштита од вознемиреност на работно место, постапка за дискриминација на политичка, верска и етничка основа, но отворена е и постапка во ОЈО за корупција и злоупотреба на службена положба и овластување.

„До кога мисли Владата и СДСМ ваков садист и дисктиминатор да ја брука Македонија во меѓународни организации и да врши тортура врз вработените во МО со цел да спроведуваат негови наредби за криминал во тоа министерство?“ – се прашуваат вработените.