АМЕРИКАНЦИТЕ на Украина ѝ дадоа повеќе противтенк системи, отколку тенкови на светот

Свет

Американскиот генерал Марк Мили, првиот човек на американската војска, рече дека ракетните фрлачи со повеќе цевки од типот Химарс, заедно со муницијата и обучените украински посади, ќе бидат префрлени во Украина до крајот на овој месец.

„Ова значи дека Украина во рок од неколку недели ќе користи ракетна артилерија со долг дострел во борба, која ќе ја користат обучени војници“, рече Мили.

Ракетните фрлачи со повеќе цевки „Химарс“ можат да лансираат ракети со прецизно наведување на цели оддалечени до 70 километри, што е значително подалеку од кој било артилериски систем кој моментално е достапен за Украина.

Вашингтон претходно соопшти дека ќе испрати лансери од типот Химарс само кога ќе добие гаранции од украинскиот претседател Володимир Зеленски дека нема да ги користи против цели на руска територија.

Мили рече дека САД и сојузниците обучиле 60 украински војници да ракуваат со фрлачи Химарс и 420 војници да ракуваат со хаубици од типот М777.

Тој додаде дека меѓународната заедница ѝ испратила на Украина 97.000 различни противтенковски системи, повеќе отколку што има тенкови на светот.