Шокантно е кој му удри шaмap на Мaкpoн

Uncategorized, Свет

Претседателот на Франција, Макрон е во посета низ државата. На југот на земјата се случи инцидент кога еден млад човек му удри шамар на претседателот.

Веќе одредено време владее незадоволство во Франција поради политиките на Емануел Макрон, пред се поради справувањето со корона-кризата. Сепак, никој не очекувал дека замерките ќе се претворат во физички напад.

Полицијата го открила идентитетот на мажот кој нападнал Макрон. Станува збор за 28-годишниот Дамијен Тарел, кој прво изговорил француска монархистичка парола, па при повикот “долу Макрон” го удрил францускиот претседател по лице.

Француската полиција го претресла домот на Тарел, во кој живеел со својата мајка, каде пронашле оружје, советско знаме, примерок од книгата на Хитлер “Мојата борба” и воени игри.

Француските медиуми побрзаа да информираат дека младиот човек имал психички проблеми.