
Кој го плаќа новиот споменик на ОНА во Липково
Општина Липково одлучи да гради нов споменик на ОНА.
Со оглед на фактот што општината е слаба со приходи и се најдува во загуби, остана прашањето кој ќе ги плати стотиците илјади евра за споменикот.
Тоа ќе биде загуба плус за општината, која нема канализација, ама има 30 споменици на УЧК. Сите загуби и долгови на таа општина ќе ги плати Владата на Македонија од буџетот на државата.
Премиерот заев одлучи да ги покрие долговите на општините. Наместо да се срами од лошото менаџирање, тој се пофали со таа мерка.
Тоа значи дека споменикот на ОНА во Липково ќе го платиме сите граѓани на Македонија. А никој не прашал дали сакаме да плаќаме уште споменици.