Бранко Црвенковски ментор на Мицкоски

Политика

Подолг период во јавноста се спекулира околу тајната комуникација помеѓу поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски и актуелниот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Покрај шпекулациите, тоа тврдење го подржаа низа македонски новинари. Еден од нив, Васко Ефтов дури даде дирекно тврдење:

Денес луѓето на Бранко Црвенковски, а веројатно и самиот Бранко Црвенковски работат и му помагаат на Христијан Мицкоски. Зошто, бидејќи со помош на Мицкоски сакаат да го симнат Зоран Заев од власт во СДСМ. Тоа е суштината на сите овие рекомпонирања. Сафет Бишавац и сите тие луѓе блиски на Бранко.

Или луѓе блиски на Горан Минчев, нивното збирно место е кафичот на Горан. Тоа е една група од 10-15 луѓе како што ги нарекуваат Бранковисти кои се незадоволни од работењето на Зоран Заев.

Добро знаеме дека Васко Ефтов беше еден од најблиските соработници на Бранко Црвенковски и одличен познавач на состојбите на политичката сцена.

Веќе подолго време луѓето на Бранко се обидуваат да го симнат Заев од престолот во СДСМ. Заев дефакто ја приватизираше таа партија. Особено вонемирувачки се информациите за направен дил помеѓу Заев и Грувески. Тоа било чашата на прелевање кај Бранко Црвенковски.

Од кабинетот на Црвенковски информираат дека тој е во комуникација со лидерот на СДСМ Заев и му укажува на тие грешки. Сепак, најчести посетители кај Бранко се луѓето на Мицкоски. Информациите се дека комуникацијата помеѓу Христијан и Бранко ја одржува таткото на Мицкоски. Тој има исто потекло со Црвенковски и се познаваат од Електротехничкиот факултет каде Бранко бил студент.

Покрај совети, Бранко на Христијан му понудил создавање на „реформаторско“ крило во СДСМ, кое силно ќе го удри Заев од внатре. Љуѓето на Бранко веќе биле во координација со Мицкоски. Софија Куновска отворено координирала и го посетувала седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

Дали Бранко ќе му пресуди на Заев? Останува да видиме на локалните избори!