Радев со идеите на Љубчо Георгиевски и Иван Костов

Балкан

Бугарскиот претседател Радев во своја неодамнешна изјава потенцира дека со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со кога заедно отапуваа во Рим, разгледувале идеја да се поканат ученици и студенти од земјава, да минат дел од одморот заедно со деца од Бугарија.

Ако успееме тоа да го постигнеме тоа, ќе се направи најважниот чекор за надминување на децениска пропаганда со инсинуации и спротиставувања меѓу двете држави. Ако ги собереме нашите млади луѓе заедно, сигурен сум дека тоа ќе неутрализира какви било пропаганди – нагласи Радев.

Оваа иницијатива е секако за поздравување. Но за жал никој не го информирал претседателот Радев дека не само што не е нова идеја, туку беше веќе договорено помеѓу премиерите Љубчо Георгиевски и Иван Костов во далечната 1999 година.

Европскиот предлог на Радев беше во функција уште во време на неевропска Бугарија. Токму „европските политичари“ од двете земји од последната деценија, направија Македонија и Бугарија да бидат многу далеку од европската политика.