
Пандев: Мора да се оддолжиме !
Капитенот на македонската репрезентацијата Горан Пандевго искоментира дербито на Македонија против Австрија , кое заврши 3:1 во полза на Австрија . Изрази разочараност , но и голема надеж.
,,Не смее да има разочарување. Шансите не се загубени, треба добро да се одмориме. Не чека уште еден тежок натпревар против Украина, на кој мора да играме отворено и да одиме на победа затоа што нема што да загубиме. Искрено, многу ми е жал за луѓето кои дојдоа тука и за онаа прекрасна поддршка од трибините, им благодарам од срце. Ние го дадовме максимумот, се надевам дека на следните натпревари ќе бидеме уште подобри“. вели Пандев.
Македонија вториот меч на ЕП го игра в четврток против Украина исто така во Букурешт.