Бугарски воен авион се урна за време на воена вежба

Балкан, Свет, Технологија

Бугарски МиГ-29 се урна во Црното Море за време на вежбата Шабла 2021, во која учествувале и ловци на српското воено воздухопловство, објави денес Радиотелевизија Србија, повикувајќи се на официјални извори во Софија.


Сите три српски авиони МиГ-29 кои полетале за време на вежбата безбедно се вратиле во базата Граф Игнатиево, соопшти бугарското министерство за одбрана.

Вежбата Шабла 2021 по несреќата е прекината, потврди бугарскиот министер за одбрана Георги Панајотов.

Бугарскиот ловец, кој од радарите исчезнал 45 минути по полноќ, сè уште не е најден, а во тек е потрагата во која учествуваат морнарицата, специјални единици и граничната полиција.

Според извештајот на Радио слободна Европа на бугарски јазик, бугарскиот премиер Стефан Јанев кажал за телевизијата БТВ дека пилотот не пријавил проблем пред да исчезне од радарите.

Причините за инцидентот не се познати.

превземено