Зошто Богојески кажува едно, Апасиев друго за Уредбата на Бајден

Македонија

Македонија силно се вознемири од веста за донесување на специјална Уредба на американскиот претседател Бајден, со која се ставаат на црна листа сите вмешани во корупција или противници на американската политика. Особено внимание покрена основот на црна листа да се најдат оние кои не се согласуваат со Преспански и Охридски договор. На нив американците гледаат како на свои проекти.

Се вклучија десетици македонски аналитичари и политичари со изјави кои ја дезинформираат јавноста. Највеќе се оние кои се обидуваат да го прикажат СДСМ како партија со „американска поддршка“ или оние кои се обидуваат на граѓаните да им наметнат став САД работат против Македонија. Премиерот Заев дури се обиде да го прикаже Бајден како вработен во СДСМ. Нивото на Уредбата на американски претседател ја сведе на партиски документ на СДСМ. Тоа било писмо за мрчатори.

Побаравме изјава од Богојески за неговиот став дека тоа е „исклучително пријателски чин на САД кон Македонија“. Што мисли со таа оценка?

Ние страдаме од корупција. Таа е непобедлива. Не можеме сами да ги победиме десетина криминални картели кои управуваат со Македонија. Само со поддршка од надворешен фактор, ќе ги уништиме бандитите. Во таа насока, Уредбата на претседателот Бајден е прекрасна вест. Тоа е дирекна помош во борбата со криминалот и корупцијата во Македонија. Само така ќе ги победиме картелите!“ – истакна Богојески.

За разлика од него, останати политичари имаат став дека САД организираат непријателска акција во земјава. Особено оние политичари кои се финансираат од тие картели.

Од Левица, партијата на Димитар Апасиев, велат дека извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден е „дел од империјалистичката надворешна политика на САД која оперира со притисок, санкции, закани и воени интервенции, односно една насилничка политика“.

„Она што е важно за нас да се потцрта, конкретно за интересите на Македонија, е тоа што уште еднаш се покажува дека во борбата за враќање на националнатност и достоинство товарот ќе падне на плеќите на работниците!“ – истакнува Апасиев

Како е можно за едни политичари Уредбата на Бајден да биде пријателски, а за други непријателски чин. Дали е тоа поврзано со нивните политики или со нивните финансии. Дали политичарите кои се платени со парите на мафијашките картели во земјава, се обидуваат да го спречат обидот на САД да помогнат во борбата со корупцијата во земјава?

Кој зема пари од мафијашките картели во Македонија и на кого му пречи интервенцијата на САД против тие картели? На Богојески или на Апасиев? Или на останати политичари? Тоа е многу важно за јавноста во земјава.