(Вознемирувачко видео) Објавена снимката од УБИСТВОТО НА ТОТ!

Хроника

Хрватскиот ракометар Денис Тот почина на 27-годишна возраст откако беше нападнат од две лица во близина на дискотеката „Привилиџ“.

Снимките од „Сејф Сити“ на кој се гледа нападот врз Тот пред малку беа објавени на Јутуб. На снимката сегледа по дека момче и девојка го нападнале ракометарот, откако нешто им кажал додека биле во такси возило.

На снимките се гледалa како дечко и девојка излегуваат од дискотеката „Привилиџ“ и влегуваат во такси возило, а по нив тргнал и Тот и им се обратил, но на снимките не може да се чуе што им кажал. Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото.

Дечкото му удира два бокса, по што ракометарот веднаш паѓа на земја, а девојката неколку пати го удира со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор.

Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.