ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: МАКЕДОНЦИ на новата црна листа на САД

Свет

Попладнево беше возобновена црната листа на САД, а на истата се најдоа две познати имиња за македонската јавност.

Имено екс премиерот, Никола Груевски и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се новите имиња од Македонија кои се на официјалната црна листа на Стејт Департментот.

-Додека беше премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дела кои вклучуваа искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист. Постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори, присвојувал државни средства и се мешал во изборните процеси за да има политичка корист за себе и за неговата партија, велат од Стејт Департментот.

За слични дела, злоупотреба на службена положба и овластување, организирање на масовно неовластено прислушување, кои се водат против екс директорот на УБК, Сашо Мијалков тој се најде на црна листа на САД.

Покрај Груевски и Мијалков на црната листа на Стејт Департментот се најде и компанијата на Никола Груевски во Будимпешта.